Почетна За проектот Видео Карактери Продукти Мој профил
НИКС - Нашиот главен карактер со кој може да се игра, кој во истовреме е и протагонистот на приказната. Играчите ќе ја имаат можноста да одберат дали Никс ќе биде момче или девојче. Никс е млад тинејџер кој припаѓа на Сончевата раса. Неговата или нејзината цел е да го спаси својот најдобар пријател Брон кој е под влијание на злобната организација Солис Ортум. Исполнет/а со лутина кон луѓето кои се обидуваат да го сменат и повредат нејзиниот/неговиот најдобар другар, Никс мора да се научи да се бори против омразата и гневот со љубов и разбирање.
БРОН - Најдобриот пријател на Никс и припадник на Сончевата раса. Брон е млад човек кој не може да си го пронајде своето место во светот. По смртта на неговата мајка, и поради затегнатите односи со татко му, тој наоѓа утеха во групата Солис Ортум која му нуди место во кое тој е прифатен. Заостанатиот гнев што го чувствува е маестрално изманипулиран од страна на здружението што го прави да се чувствува како да припаѓа таму. Меѓутоа, Никс е таму да го потсети дека тој е веќе прифатен од страна на неговите пријатели и дека треба да се соочи со неговата болка место да биде обземен од неговиот гнев. Брон прикажува однесување на конформизам и прифатеност на агресија.
АИЛВИН - Вториот лик со кој може да се игра кој, како и Никс, играчите имаат можност да одберат дали ќе играат со Аилвин како маж или жена. Аилвин е професор по историја во средното училиште во Лунесол, каде што Никс и Брон учат. Тој/таа припаѓа на Месечевата раса, и како лична цел има да ги уништи предрасудите, стереотипите и опасните мисли во умовите кај своите студенти преку промовирање на еднаквост и разбирање. Меѓутоа, тој/таа набрзо сфаќа дека со цел да го постигне тоа ќе мора да стори нешто повеќе од само предавање и да превземе личен интерес во животите на своите студенти.
ОРИН - Другиот најдобар другар на Никс и припаѓач на Месечевата раса. Орин е девојка во класот на Никс која е љубезна и радосна. Меѓутоа таа е загрижена околу постојано растечката тензија во светот помеѓу групата Солис Ортум и Месечевата раса. Додека Орин се чувствува малку напуштено од Никс додека тој е преокупиран со Брон, таа навистина сака да му помогне на својот најдобар другар и да донесе мир во нивните животи.
МЕРИТ - Девојка од класот на Брон и дел од Сончевата раса. Таа доаѓа од семејство кое ја турка да ја мрази Месечевата раса бидејќи тие веруваат во сегрегацијата помеѓу двата вида. Постојано се чувствува изгубено и оттргнато помеѓу два света бидејќи не верува во сегрегацијата, меѓутоа, мора да се претставува како да верува плашејќи се да оди против желбите на нејзините родители. Мерит, како и Брон, исто така претставува одлики на конформизам.
ВОКС - Во функција на портпарол за Солис Ортум, но всушност работејќи како регрутер за нив, овој припаѓач на Сончевата раса е еден шармантен и брз со зборови манипулативен човек. Вешт и лукав, но исто така исполнет со гнев и терор во неговите очи, неговата единствена цел е да регрутира изгубени и поводливи млади луѓе, нудејќи им место во заедница додека внимателно им ги всадува корените на омраза против Месечевата раса. Вокс често изразува одлики на социјален песимизам, нормативен нихилизам, мистицизам и прифаќање на агресија.
КАДМУС - Главниот антагонист во приказната. Тој е лидерот на Солис Ортум и припадник на Сончевата раса. Злобен, но истовремено многу интелигентен човек, тој се крие под маската на „пророк“ што ги има сите одговори. Неверојатно вешт во манипулација, тој се претставува како скромен и фер човек кој се обидува да го исчисти светот од зло. Но, неговиот ум е потполно хаотичен и станува очигледно дека позади фасадата стои само еден човек кој е психолошки оштетен и заинтересиран само за да направи пари на сметка на млади и поводливи деца. Кадмус покажува одлики на однесување на деструктивност и циницизам, прифатеност на агресија, интолеранција и сериозен случан на култ на моќ.