Почетна За проектот Видео Карактери Продукти Мој профил

За Проектот

Проектот „Игра за промени – дигитална игра како едукативна алатка за зајакнување на отпорноста на заедниците“ ја користи гемификацијата во образованието како иновативна алатка за едукација. Преку проектот ја произведовме дигиталната игра „Лунасол“ наменета за едукација и обука за ученици, наставници и младински работници со цел справување со сериозните општествени и економски последици кои ги предизвикува радикализацијата на младите која води до екстремизам, насилство и тероризам.

Радикализацијата се дефинирана како "процес со кој поединец или група прифаќа насилни и екстремни политички, социјални, културни и религиозни идеологии", а насилниот екстремизам се однесува на "верувањата и постапките на луѓето кои го поддржуваат или користат идеолошки мотивираното насилство за остварување на социјални, економски, религиозни или политички цели". Справувањето со радикализацијата е сложен проблем бидејќи постојат различни фактори (социјални, економски, културни идр.) и корелации меѓу овие фактори кои не се лесно разбирливи. Оттука, важно е да се осигура дека младите луѓе ќе се здобијат со социјални, граѓански и културни способности и ќе го подобрат своето критичко размислување, притоа обезбедувајќи ги едукаторите со вистински алатки и вештини за да им помогнат во долгорочната цел за справување со ова прашање.

Во развојот на играта беа вклучени експерти од областа на образованието и превенцијата на радикализмот како и голем број на наставници, ученици и психолози. Процесот вклучуваше организација на серија од фокус групи со наставници и ученици од пет средни училишта од Македонија како и работилници со професионалци за справување со насилен екстремизам, едукатори, психолози и експерти за развој на игри. Како поддршка на развојниот процес на играта се изработи „Анализа за имплементација на симулациската игра за превенција на насилен екстремизам и радикализам како едукативна алатка во воспитно-образовниот процес“. Анализата овозможи препорака на најдобриот пристап од неколку различни методологии кои се однесуваат на техничките и едукативни компоненти кои најмногу соодетствуваат на визијата на проектот и очекуваните резултати.

Проектот се реализираше во блиска соработка со Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот и Министерството за Внатрешни Работи на Република Северна Македонија. Проектот е финансиски поддржан од STRIVE Global Program на Европската Унија, имплементиран од Хедаја фондацијата.